Европската ракометна федерација денеска ги објави составите на сите 24 репрезентации учесници на Европското првенство во Унгарија и Словачка.
Списокот од 35 ракометари на Кире Лазаров денеска е официјализиран, а нема промени во стручниот штаб на националниот тим.
Шеф на делегацијата на Македонија во Дебрецен, а се надеваме и во Будимпешта ќе биде колегата од ТВ Телма, Бранко Казаковски.
Со Лазаров во неговиот тим ќе бидат Филип Миркуловски, Ацо Јоновски, Билјана Црвенковска и Бранко Ангеловски. Технички директор е Левче Китевски, за кондицијата на ракометарите ќе се грижи Петар Баснарков.
За здравјето на нашите репрезентативци ќе се грижи Тоше Вранишковски, а во медицинскиот тим се физиотерапевтите Небојша Василевски, Тоше Ристовски и Ѓоко Божиноски.
Македонија е во групата А на Европското првенство и ќе игра во Дебрецен заедно со селекциите на Словенија, Црна Гора и Данска.