Нова тактика и една измена за Македонија во дуелот со Чиле

Машката репрезентација на Македонија денеска ќе го одигра решавачкиот натпревар за пласман во главната рунда на Светското првенство во Египет.

Противник на избраниците на Данило Брестовац ќе биде селекцијата на Чиле, со која игравме две пријателски средби во Скопје.

Селекторот се реши за Горан Крстевски наместо Дарко Георгиевски за последниот дуел против Чиле во група Г. Со победа Македонија се пласира во следната фаза, пораз ги води кон Президент куп и пласман во долниот дел од табелата

Михајло Младеновиќ, Мартин Серафимов како и голманот Никола Даниловски ќе бидат на трибините на овој дуел.

Натпреварот меѓу Македонија и Чиле се игра денеска во „Каиро Стадион“ со почеток во 15:30 часот, а ќе го судат Хрватите Губица и Милошевиќ.