Поради ЕХФ неделата и собирот на репрезентацијата, дел од натпреварите во Суперлигата се играат порано од вообичаениот термин.
Денеска во Куманово гостува актуелниот шампион Вардар и се освен триумф на „црвено-црните“ ќе биде сензација. Во Битола кај Еурофарм Пелистер кој имаше мал кикс со братскиот тим, гостува залетаниот Тиквеш, кој веќе загуби еднаш сезонава во истата сала.
Два скопски двобои ќе има во ова коло. Кај тимот на Скопје гостува Пролет, кој по бодот во Кавадарци посакува нов триумф, додека Голден Арт ќе го пречека Јуниор КВ, кој се уште нема победа во новата сезона. Бутел против Прилеп ќе бара рехабилитација за европската елиминација и ќе ја има фаворитската улога на овој натпревар.
Алкалоид патува во Неготино кај Вардар и ќе биде голем фаворит против домашниот тим кој се уште нема победа оваа сезона, Радовиш кој исто така нема победа патува на гости кај Еурофарм Пелистер 2 во улога на аутсајдер.
Натпреварот што треба да го одбележи ова коло ќе биде езерското дерби меѓу Струга и Охрид в сабота. Двата тима имаат нови тренери во споредба со лани, а охриѓани менуваа повеќе во играчкиот ростер. Стратезите Ферукоски и Андоновски сигурно добро ќе ги подготват играчите за овој двобој, кој очекуваме да биде возбудлив и неизвесен до самиот крај.
Суперлига, 6 коло, распоред:
група А
Куманово – Вардар, денеска, 20:00 часот
Бутел Скопје – Прилеп, утре, 18:00 часот
Струга – Охрид, сабота, 18:00 часот
Вардар Неготино – Алкалоид, сабота, 18:30 часот
група Б
Еурофарм Пелистер – Тиквеш, денеска, 17:00 часот
Скопје – Пролет, утре, 18:30 часот
Еурофарм Пелистер 2 – Радовиш, утре, 19:30 часот
Голден Арт – Јуниор КВ, недела, 16:30 часот