Селекцијата на Унгарија славеше над Исланд со 18-24 и обезбеди место во главната рунда од Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска. Овој триумф на Унгарија значи дека еден од фаворитите за тронот, Данска, ќе го заврши настапот на ЕП уште во групите, независно дали ќе го добие мечот со Русија. По Франција, континенталниот собир остана и без светскиот првак Данска.
Унгарците изненадувачки поведоа со 0-3 на стартот, но „рибарите“ набрзина го стопија тоа водство. И не само што израмнија, туку и со серијата од шест голови во мрежата на Миклер, кој беше немоќен по ударите на Сигурдсон и Палмарсон, поведоа со 6-3.
Подоцна беше и 10-6, а Унгарците не можеа ниту од пенал да го подогат голот на Густавсон. Избраниците на Гудмундсон имаа предност и од пет голови, 12-7, но дозволија на два пати левото крило на Унгарија, Бендегуз, да погоди, па на пауза се замина со 12-9.
Исланд набрзина зголеми на 14-10 на стартот од вториот дел, но Унгарија по десетина минути се врати во игра и израмни на 15-15. Во продолжение Миклер влезе во серија, Исланѓаните брзаа во нападот и грешеа, па Унгарија на десет минути до крајот имаше плус три, 17-21.
Исланд имаше шанса за минус два, но не погоди, па Унгарија рутински го заврши мечот со конечни 18-24. Најдобри стрелци во унгарската репрезентација беа Баниди со осум погодоци и Бока со четири, додека кај Исланд, Гудјонсон и Палмарсон, дадоа по исто толку.