Од сезоната 2020/21 во која Лигата на шампионите ќе доживее трансформација и во истата ќе има место само за 16 екипи ќе дојде до промени и во друг дел од истата.
Топката со која се играат натпреварите ќе добие нов дизајн, а ова доаѓа после објавувањето на информацијата дека ЕХФ и Селект Спорт потпишаа договор за продолжување на партнерството во траење од уште четири години односно до крајот на сезоната 2023/24.
Новите топки ќе бидат користени уште на Ф4 турнирите на крајот од актуелната сезона, а тие натпревари е добро познато дека ќе бидат одиграни во Келн и Будимпешта.
Покрај тоа ќе има нова топка и за новата Европска ракометна лига која ќе стартува од сезоната 2020/21. Промоцијата на истата ќе биде на средбите од Ф4 турнирите во Купот на ЕХФ.