Селекцијата на Шпанија ја освои шампионската титула на Европското првенство за кадети во Црна Гора, но најдобриот стрелец доаѓа од Фарски Острови.
Станува збор за средниот бек Оли Митун, кој постигна дури 80 погодоци на седум натпревари, или 41% од вкупниот број на голови на неговата репрезентација.
Само на два од петте меча, 17-годишниот Митун постигна помалку од 11 гола. На првиот меч против Шведска, која беше финалист даде 17 погодоци!
Покрај тоа што беше прогласен за најдобар стрелец, беше и МВП на првенството.
Фарски Острови на крајот завршија на 9 место на ЕП, обезбедија место на следното ЕП за младинци во 2024 година, како и место на СП 2023 година за кадети во Хрватска.
Тој пред овае првенство потпиша договор со шведскиот Савехоф, но по ваквите изданија на ЕП, го привлече вниманието и на многу посилни клубови.