Македонскиот интернационалец Мартин Поповски одигра уште една одлична партија во швајцарскиот шампионат.
Исто како и пред четири дена, десното крило од Македонија беше најдобар стрелец во тимот на Цирих.
Неговиот тим оствари гостинска победа кај Вакер Тун со 31-28 во натпревар од четвртото коло, а Поповски даде шест гола.
Сега Цирих има две победи, едно реми и еден пораз, а следен предизвик за Поповски и неговиот тим ќе биде дуелот кај Женева на гости.