Нова лоша вест за Хрватска – Давид Мандиќ го пропушта Мундијалот!

Репрезентацијата на Хрватска, која ќе учествува на Светското првенство 2023, се соочува со проблеми пред настапот на Мундијалот.

Откако пред неколку денови левиот бек Марко Мамиќ ги скина лигаментите на левото колено, нова лоша вест пристигна за селекторот Хрвоје Хорват.

Хрватска на Мундијалот во Полска и Шведска ќе настапи и без искусниот Давид Мандиќ.

Членот на Мелсунген ќе паузира одреден временски период, бидејќи мора да замине на опрерација поради проблем со препоните и нема нема да биде во можност да им помогне на ,,коцкестите” на Светското првенство.

Хрватска на Светското првенство во јануари во групната фаза ќе игра против селекциите на Египет, САД и Мароко.