Претседателот на ракометната федерација на Романија, Александар Деду реагираше на критиките после одлуката за ограничување на странските играчи од страна на Динамо Букурешт.
Со оваа одлука Динамо е најоштетен и најави дека доколку остане ваква одлуката тие нема да играат во првенството на Романија и ќе побараат друго првенство од соседните земји за да се натпреваруваат.
„Одлуката е донесена врз основа на факти, Управниот одбор му помага на Динамо. Оваа одлука е донесена пред една година и изненадувачки е што предизвикува вакви реакции сега. Тимовите имаат многу време за да се подготват за следната сезона и беа информирани така што имаа време да подготват стратегии и буџет. Оваа одлука не е донесена во интерес на никого и секако не е насочена против Динамо“, коментрираше Деду.
Динамо Букурешт обезбеди место во осминафиналето на Лигата на шампионите, а таму ќе се соочи со францускиот ПСЖ што предизвика огромна заинтересираност кај ракометната јавност во Романија.