Европската ракометна федерација ги делегираше арбитрите за натпреварите од првото коло во Европскиот Куп.
По финалниот натпревар на кадетскиот ЕХФ шампионат во Бугарија, македонските арбитри Даниело Божиновски и Виктор Начевски добија уште една евро задача.
Тие ќе ги судат двата меча во Митровица, меѓу косовскиот тим Трепча и израелскиот Холон Јувалим. Делегат ќе биде Црногорецот Радош Ракочевиќ.
Првиот дуел се игра на 18 септември, додека реваншот е на 19 септември.
Работа ќе има и за македонските делегати. Камер Металари ќе биде делегат на реваншот во Габрово меѓу Локомотив Ораховица и романската Баја Маре на 18 септември, додека Ацо Николовски ќе биде делегат на реваншот во Ниш меѓу Железничар и литванскиот Гранитас Каунас на 18 септемврии.