Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Европскиот Куп.
По одличната арбитража на дуелите од претходната рунда во Европскиот Куп, како и на квалификациите за женското кадетско ЕП, македонската двојка Методија и Михајло Илиевски доби нова задача.
Браќата Илиевски се делегирани да го судат дуелот од осминафиналето меѓу тимовите на Измир и Рокаса Гран Канарија.
Ова е прв дуел од осминафиналето, ќе се одигра на 8 јануари во Турција, а делегат ќе биде Грузиецот Гелашвили.