Нова драма, нова победа на Данска: Светскиот првак ќе ја брани титулата во недела

Репрезентацијата на Данска ќе игра во финалето во недела откако денеска во второто полуфинале ја совлада Шпанија со 35:33 во натпревар со многу драма и многу надигрување, но и на дуел на кој немаше ниту едно израмнување. Данска водеше од почеток до крај и се избори за финале во кое ќе игра против Шведска и во истото ќе ја брани титулата.

Од почетокот на натпреварот селекцијата на Данска го остваруваше својот план и зацртаното од селекторот Николај Јакобсен одејќи без проблеми кон градење на предност која води кон победа. Микел Хансен беше диригентот на нападот на Данска и сè делуваше одлично.

Почетните 2:0 за Данска овозможија постојано да се биде на гол до два позитива и така беше до средината на полувремето кога Данска беше и понатаму во постојана предност. Тука конечно беше зголемено водството и највисокото водство беше достигнато при 13:8.

Сепак, Европскиот првак, Шпанија успеа да се покаже во одлично издание кога беше потребно во завршницата на првиот дел. Петте гола негатива ги стопи до два и најави возбудливо продолжение на натпреварот. На полувреме Данска имаше 18:16 и овие два гола разлика беа најава дека ова ќе биде интересно полуфинале.

Данците на почетокот на второто полувреме веднаш дојдоа до четири разлика. Успеаја ова водство постојано да го имаат во своја корист односно постојано да бидат на три или четири гола разлика. Шпанците се обидуваа да намалат, но никако не можеа да спуштат на помалку од три гола.

Тоа им успеа на нешто повеќе од десет минути до крајот кога дојдоа до два негатива и 23:25. Данците се трудеа колку можат да останат во сигурна предност, но мораа да бидат трпеливи бидејќи Шпанија е репрезентација која знае во секој момент да одигра на високо ниво.

Сепак, неколкуте шанси да се израмни не се користеа. „Фуријата“ дојде на гол, но кога дојдоа нападите за реми тогаш или Ландин се испречуваше или се грешеше. На тоа реагираа и колегите на Ландин, па одново дојдоа на плус четири и 33:29. Рибера тактизираше со тајм-аутот и не го побара, па тоа на крајот го чинеше и пораз бидејќи на 31:33 Ландин одново одбрани.

Драмата почна на две минути до крај откако Перез де Варгас му одбрани зицер на Сван, а Даниел Душебаев реализираше за гол негатива. Потоа голманот на Шпанија му одбрани и на пивотот на Данска, Јенсен со што даде шанса за реми, но Марчан биеше во пречката, а топката се одби во поле.

До крајот останаа триесетина секунди, а Данците искусно ја чуваа. На десет секунди до крај Јакобсен побара тајм-аут што беше доволно да може да се зачува топката. Дури Сван доби шанса и да бие и ја искористи шансата за гол и за конечни 35:33.

27 јануари 2023 Преглед

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
27 јануари 2023 00:00 СВЕТСКО ПРВЕНСТВО 2022/2023 27.01.2023 60'

ФРАНЦИЈА

Позиција Исклучување Голови
 00

ШПАНИЈА

Позиција Исклучување Голови
 00