Ланскиот освојувач на Лигата на шампионите, Барсеона, која во следната сезона ќе има помал буџет од изминатата, реши да не троши многу пари на скапи трансфери и во своите редови го ангажираше перспективниот ракометар Хаиме Гаљего.
21-годишниот ракометар во познатиот клуб ќе пристигне од Торелавега. Двете страни се договорија на соработка, која ќе биде со важност до јуни, 2025 година.
Кружниот напаѓач, кој минатата сезона ја мина опоравувајќи се од повредата на коленото, дебитираше за шпанската репрезентација на само 20 години.
Како втор пивот во Барселона би бил Хавиер Родригез од Ла Риоха. Сепак, за реализација на овој трансфер, клубот од Каталонија на Ла Риоха ќе треба да и плати оштета од околу 40.000 евра.
Барселона во минатата сезона на позицијата пиекр ги имаше Лудовик Фабрегас и Артур Парера, но и двајцата ракометари решија да го напуштат шпанскиот првак.