Младиот шведски репрезентативец и член на Лемго, Џонатан Карлсбогард, најверојатно ќе го засили европскиот првак Барселона.
Доколку нема промена на плановите, левиот бек Карлсбогард, ќе се пресели во шпанскиот гигант во летото 2022 година и ќе потпише договор на три сезони, пишува „Мундо Депортиво“.
Тој има(ше) важечки договор со Лемго на уште една сезона, но веќе побара раскин една година порано, па германскиот тим ќе може да заработи од оштетата.
Одличните партии на Карлсбогард го привлекоа вниманието на големите ПСЖ и Кил, кои бараат наследници на Хансен и Сагосен, но Швеѓанецот сепак се реши за Барса.
Покрај Карлсбогард, во Барса доаѓаат уште двајца скандинавци – левото крило Хампус Ване и голманот Емил Нилсен.