Екипата на Пролет која во новата сезона ќе ја претставува Македонија во Лигата на Европа веќе го има планот за одработување на подготовките за шампионатот кој следува.
Стартот ќе биде на 4 август со лекарските прегледи, а после неколку дена во Скопје екипата ќе замине на тренинзи во Пехчево. Една недела подоцна тимот се враќа во Скопје, а веќе на 17 август е планирана и првата контролна средба.
Во новата сезона екипата на Пролет ќе влезе со нов тренер. Екипата ќе ја предводи Андон Бошковски, а првата контрола треба да биде против екипата на Прилеп, додека во план е и учество на турнир.
Дополнително ќе бидат познати и имињата на другите противници во подготвителниот период.
Покрај ова тимот го очекуваат и средби од квалификациите за влез во групната фаза од Лигата на Европа.