Тимот на Риниа М од Скопје ќе го нема во новата сезона од Првата машка лига. Тоа е единствениот тим од лани кој ќе недостига на списокот на клубови кои во новата сезона ќе се натпреваруваат во прволигашката конкуренција.
Во новата сезона лигата ќе брои 19 клуба, а веќе е добро познато дека ново име е Алкалоид.
Ждрепката за стартните броеви и за оваа лига е најавена за утре од 12 часот во просториите на Ракометната федерација на Македонија.
Се очекува екипите во есенскиот дел од сезоната да бидат поделени во две групи, а со оглед на непарниот број на тимови едната група ќе брои девет, додека другата ќе има десет клуба.
ПРИЈАВЕНИ ЕКИПИ ЗА ПРВАТА МАШКА ЛИГА: Голден Арт КЛ 7, Работнички, Јуниор Киела вода, Младост 1977, Астраион, Шампион, Драчево, Аеродром, Металург РА, Вардар Неготино, Куманово, Јехона, Преспа, Текстилец, Борец, Македонија ЃП, Партизан 2016, Кичево 2020, Алкалоид.