Долгогодишниот владател во рускиот шампионат, Чеховски Медведи, се чини дека и сезонава нема да има конкуренција во битките за титулите.
Иако секоја година се се послаби, „мечките“ на Владимир Максимов, не потклекнуваат по налетите на Нева Санкт Петербург, Спартак Москва, Виктор Ставропол или СКИФ Краснодар.
Во финалето на рускиот Куп, Чеховски Медведи го победија Спартак Москва со 27-24. Во првиот дел Спартак, на кој не му се доволни ниту шесте зимски засилувања, парираше, но недоволно и на пауза „мечките“ имаа предност од 14-11.
Во вториот дел Медведи обезбедија плус шест, па до крајот немаа поголеми проблеми да го довршат натпреварот и да стигнат до првиот трофеј. Најдобар стрелец кај победникот беше Кирил Котов со седум голови, додека кај Спартак се истакна Алексеј Фокин со шест погодоци.