Ни атракциите не им „проаѓаат“ на Романците кога Томовски е на голот (ВИДЕО)

Романците имаат тешка задача да ја надоместат високата предност на Македонија. По поразот од 30-22 во Скопје, Романците во Букурешт се обидуваат да ја поправат сликата и впечатокот кој го оставија на привот дуел. Победникот ќе игра против Чешка во бараж дуелот за пласман на СП 2023. Македонија е постојано во предност во првото полувреме во Букурешт, но Романците се обидуваат да покажат дека знаат ракомет па се обидуваат и со атрактивни потези да ја совладаат македонската одбрана. Ниту цепелините не проаѓаат кога на голот е расположениот голман на Вардар, Мартин Томовски, кој го замени одличниот Митревски на средина на првиот дел...