Шпанските медиуми пренесуваат дека еден од најдобрите ракометари во светот, Дика Мем ќе потпише нов договор со Барселона.
Мем во претходниот период се поврзуваше со ПСЖ кој испратил понуда, но на крајот донел одлука да остане во Барселона со која веќе постигнал договор за продолжување на соработката.
Соработката ќе биде официјализирана наскоро, на Мем му се допаднал проектот на каталонскиот гигант како и желбата дополнително да напредува и да се развива.
Во редовите на Барселона 24-годишниот Дика Мем пристигна уште во 2016 година од француски Трембле.