Ништо ново од Русија – Ристовска погодува, ЦСКА победува

Македонската репрезентативка Сара Ристовска и екипата на ЦСКА Москва продолжуваат со победничката серија во Русија.

ЦСКА Москва на свој терен славеше против некогашниот европски гигант, тимот на Лада Тољати со четири гола разлика, 30:26 (16:13).

Капитенот на македонската репрезентација одигра само во првото полувреме, во кое успеа да постигне три погодоци од исто толку обиди.

Ристовска покрај одличната реализација од 100%, одигра на висина на задачата и во одбраната.

Екипата на ЦСКА Москва и понатаму останува единствениот тим кој во досегашниот тек од сезоната во рускиот шампионат нема пораз.

Тимот на Ристовска на табелата дојде до 68 бодови, втор е Ростов Дон со 53 бодови, додека Астраханочка се наоѓа на 3. позиција со 48 бодови.