Ништо ново во „Јане Сандански“: Вардар повторно доминира против битолчани (Фотогалерија)

Вардар – Еурофарм Пелистер 26-09-2021

Вардар го доби првото дерби до домашното првенство триумфирајќи на дуелот со Еурофарм Пелистер. Домаќините водеа, а гостите постојано „им дишеа во врат“. Вардарци заслужено се радуваа на првиот триумф сезонава во меѓусебните дуели.

Ако се суди според првото дерби тогаш сезонава ракометното првенството на Македонија ќе биде крајно неизвесно. Вардар ја доби првата борба, но до крај остануваат уште три меѓусебни дуели. „Црвено-црните“ најавија дека ќе атакуваат на 15. титула, а нивниот меѓусебен дуел наликуваше на оние од пред 15 години кога токму двата клуба беа главни фаворити. Борба за секоја топка, фајтерски дуели, мајстории на теренот.... Во очекување на следниот дуел..