„Ништо не ме изненадува, во Романија сè е можно!“

Екс селекторот на женската репрезентација на Романија, Томас Риде не остана во најдобри односи со федерацијата и јавноста во Романија.

Ракометната федерација на Романија одлучи да го продолжи домашното првенство на 31 мај, а Риде имаше што да искоментира во однос на оваа одлука а Романците.

“99% од екипните спортови се откажани затоа што луѓето се поважни од парите. А Романската ракометна федерација одлучи дека првенството треба да се одигра. Боже, сè е можно во Романија!” „напиша Риде на својот профил на Твитер“.

Швеѓанецот ја предводеше репрезентацијта на Романија на Светското првенство до Кумамото, Јапонија и не постигна очекувани резултати. Јавноста во Романија како главен виновник го прогласи токму Риде за освојување на 12 место на Мундијалот.