Тимот на Деспина од Прилеп ја забележа третата победа оваа сезона, откако славеше дома против Астибо со 28-23 и му се реваншира за поразот во Штип.
Водеа прилепчанки со 10-7 во првиот дел, но во финишот, Астибо предводен од Анчева направи комплетен пресврт и поведе со 12-11. Сепак на пауза се замина со реми, откако Еленин погоди за 12-12.
По водството на Астибо со 14-13, следуваше клучниот период на мечот. Со серија од четири гола Деспина ја презема котролата, поведе со 17-14 и до крајот не испушти предноста.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Михаела Петреска со седум, како и Ангела Камческа и Адела Еленин со по шест гола, додека за Астибо, Марија Анчева постигна 13 погодоци.