После поразот од 22:31 против Мешков Брест во Белорусија, ниту еден од тренерите на Вардар не се појави на прес-конференцијата.
Го немаше ниту Кокшаров, ниту Писонеро, ниту Периќ, а се појави оперативниот менаџер во клубот Марко Савовски.
Ова не е првпат тренерот Кокшаров да не се појави на прес бидејќи и претходно се случи Периќ да биде место него на пресот и да го искаже коментарот за она што беше направено на теренот после средбата.
„Честитки за домашниот тим. Немам што да кажам за натпреварот, игравме добро 50 минути и беше изедначено. Но на крајот влеговме во проблеми во одбраната. Последните пет минути како да не бевме на мечот, не е вообичаено тоа за нас“, изјави Савовски.