Екипата на ЦСКА Москва, во која настапува репрезентативката на Македонија, Сара Ристовска, во рамките од рускиот шампионат дојде до лесна победа против Лада Тољати со резултат 41:23.
Иако се очекуваше голем отпор од страна на гостинската екипа од Тољати, сепак, Ристовска и нејзините колешки многу лесно стигнуваа до погодоци на овој натпревар и уште на полувреме ја потврдија победата откако на пауза заминааа со девет гола разлика, 19:10.
Ристовска во мрежата на противникот успеа да постигне два погодоци. Најефикасна во редовите на ЦСКА Москва беше Карина Сабирова со шест погодоци. Во поразената екипа меѓу најефикасните стрелци беше екс-ракометарката на Вардар, Олга Черноиваненко Фомина со четири погодоци.
Следен предизвик за ЦСКА Москва е натпреварот во рамките од Лигата на шампионите против екипата на Мец. Натпреварот против екипата на Франција е закажан за в недела со почеток од 16 часот во Москва.