Еден од најдобрите туниски тренери во последно време, Сами Саиди, е нов селектор на репрезентацијата на Тунис.
Саиди ќе биде наследник на Тони Херона, кој стана селектор на Србија, а негов асистент ќе биде Омар Хедира.
Пред да реши да го прифати овој предизвик, Саиди беше тренер на Ал Ахли од Обединети Арапски Емирати, а претходно го водеше Етуал.
Прв предизвик за него ќе биде настапот со Тунис на Светското првенство во Египет во јануари следната година.
Кандидати за селекторското место беа Славко Голужа и Бранко Тамше.