Една од ѕвездите на Мундијалот во Египет, конгоанскиот репрезентативец Готје Мвумби, од следната сезона ќе има нов клуб.
Кружниот напаѓач што игра во францускиот третолигаш Дре, иако имаше бројни понуди од Франција, Бундес лига и од Асобал лига, се реши за поинаков предизвик.
Тој потпиша за американскиот клуб Детроит, а трансферот го објави на социјалните мрежи.
„Пресреќен сум што можам да објавам дека ќе играм за Детроит и што ќе помогнам да се развива ракометот во САД“, напиша Мвумби.