Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер го очекува нов предизвик во Лигата на шампионите.
Избраниците на Александар Јовиќ за ривал во второто коло го имаат данскиот вицепрвак Алборг.
По поразот од Колстад, битолчани ќе се обидат да се покажат во добро светло против еден од тимовите кои атакуваат на пласман на Ф4 турнирот во Келн.
Кружниот напаѓач на Еурофарм Пелистер, Андреас Јохан Нилсен, истакна дека заедно со неговите колеги се свесни за силината на нивниот ривал од Данска.
,,Добро го познавам тимот на Алборг, играв со многу ракометари во нивната екипа, а со некои често бев и противник. Сите знаеме колку се силни и тоа го покажаа на натпреварот против Келце. Загубија во Суперкупот на Данска од ГОГ Гудме, но тоа и не е толку важно натпреварување во Данска. Многу поважно е како реагираа потоа и наредија само победи во данското првенство и Лигата на шампионите”, изјави Нилсен.
Дуелот меѓу Алборг и Еурофарм Пелистер ќе се одигра во среда (20 септември) со почеток од 20:45 часот.
Јовиќ: Верувам дека ќе се издигнеме против Алборг, ќе одиграме во рамки на нашите можности