Последнопласираниот состав во најсилната лига на Хрватска, Дубровник нема да ја продолжи сезоната и да ги доигра натпреварите доколку не дојде до промена во раководството.
Играчите се во штрајк и очекуваат промени за да можат да ја довршат сезоната.
Проблемите се во потпретседателот на клубот, Иво Драгиќ. Веќе е јавно објавено дека играчите бараат од него да даде оставка и да се повлече од клубот. Ситуацијата ескалираше после дуелот против Сесвете, кога дојде до тепачка меѓу играчите и навивачите. Покрај тоа синот на Драгиќ, кој е физиотерапевт во клубот ги навредувал ракомтарите заедно со татко му, па сега играчите бараат оставка и заминување.
„Се прават некои игри во клубот и се врши притисок над играчите. Се зборува дека ќе бидат донесени нови 12 ракометари. Знаеме дека алфа и омега во тимот е Иво Драгиќ и тој управува со тимот иако веќе 20 дена не е дел од екипата. Целата екипа е сложба и сите сме на исто размислување дека никој нема да излезе на терен додека не се одржи собрание, додека комплетно нови луѓе не влезат во клубот и ова не се реши еднаш засекогаш“, вели капитенот на екипата Марко Дабелиќ.
Сите овие случувања беа причина викендов тимот да не отпатуваа на дуел против Бјеловар, а очекувањата се дека штрајкот ќе даде резултат односно дека ќе дојде до промени во раководството во текот на оваа седмица.