Селекцијата на Хрватска најавува атак на златниот медал на Европското првенство, единствен кој недостига во богатата колекција. Селекторот Лино Червар иако ги критикуваше своите избраниците за лошото издание против Босна и Херцеговина, сепак изјави дека треба да се почитуваат бидејќи тие не добиваат финансиски надоместок за настапите во националниот тим.
„Европското првенство започнува наскоро, имаме Олимписки квалификации во април, во јуни се квалификациите за Светско првенство во 2021 година, а потоа се надевам и на Олимписки игри. Не е лесно да се издржи, да се подготви и организира ова и затоа дечките кои се тука заслужуваат наклон до под. Нашите играчи во Бундес лигата последниот меч го одиграа на 29 декември, а веќе на Нова година беа на располагање на репрезентацијата. Тие тука не заработуваат пари, туку доаѓаат од љубов кон нациналниот грб“, изјави Червар.
Хрватска последната проверка пред ЕП ќе ја има на дуелот против Катар, а потоа се сели во Грац каде што во рамки на прелиминарната рунда ќе игра со Србија, Белорусија и Црна Гора.