Николов и Начевски ќе судат на најсилниот турнир на Балканот

Покрај Еурофарм Пелистер, Македонија ќе биде претставена и од најдобрата судиска двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски во Добој.

Најстариот турнир на Балканот, заедно со оној во Струга, оваа сезона ќе биде можеби најсилен досега.

Николов и Начевски ќе им судат на каталонскиот гигант Барселона, поранешниот европски првак Монпелје, силниот Ал Ахли, како и шампионите од екс-ју земјите – Еурофарм Пелистер, Целје, Загреб и Војводина.

Македонските арбитри оваа година го судеа финалето на Светското првенство во Полска и Шведска, а беа дел и од Лигата на шампионите.