Најдобрата судиска двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, денеска ќе има нова задача на ТВ турнирот на шампионите во Добој.
Втор меч на кои ќе судат нашите арбитри ќе биде денешното дерби меѓу францускиот Монпелје и актуелниот бранител на титулата, тимот на Ал Ахли.
Овој натпревар ќе се одигра во вечерниот термин од 21:00 часот, додека во 15:00 часот игра македонскиот шампион Еурофарм Пелистер со домаќинот Слога Добој.
Николов и Начевски на стартот на турнирот, односно на вториот ден, ја делеа правдата на балканското дерби меѓу Загреб и Целје.