Светската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за полуфиналето и разигрувањето од 5 до 8 место на СП.
Македонската двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ќе го суди мечот меѓу Германија и Египет од разигрувањето за пласман од 5 до 8 место.
Николов и Начевски добија највисоки оцени за арбитражата на сите претходни натпревари, меѓу кои имаше и дерби дуели.
Наптреварот ќе се одигра од 15:30 часот во „Теле 2 Арена“ во Стокхолм, а потоа следуваат пресметките меѓу Унгарија и Норвешка, како и полуфиналето меѓу домаќинот и Франција.
Во Гдањск во „Ерго Арена“ ќе се игра полуфиналето меѓу Данска и Шпанија.