Европската ракометна федерација ги делегираше арбитрите за натпревари од седмото коло во Лигата на шампионите.
Најдобрата двојка од Македонија, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, ќе патува во унгарскиот град Сегедин.
Таму ќе го судат натпреварот меѓу унгарскиот и словенечкиот првак, ПИК Сегед – Целје Пивоварна Лашко, кој се игра на 23 ноември од 18:45 часот.
Делегат на овој меч ќе биде Николае Визитиу од Молдавија, а ПИК Сегед ќе ја брка втората сезонска победа во елитното натпреварување.