Николов и Начевски на нова задача, ќе судат важен меч од квалификациите за ЕП

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од третото и четвртото коло во квалификациите за ЕП 2024 година.

Најдобрата македонска двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски се делегирани од ХФ за натпреварот меѓу Украина и Австрија.

Овој натревар се игра на неутрален терен во германскиот град Кобург на 9 март од 19:00 часот.

Австрија досега нема пораз, а Украина има една победа и еден пораз, па доколку слави на овој меч, практично ќе обезбеди место на континенталниот собир.

Начевски и Николов оваа година ја почнаа со финале на Мундијалот во Полска и Шведска, судеа на дерби натпревари во ЛШ, а еве сега ќе бидат активни и во кквалификациите за ЕП.