Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од петтото коло во групната фаза од Лигата на Европа.
Судиската двојка од Македонија, Ненад Николовски и Исмаил Металари ќе суди натпревар од групата Ц.
Станува збор за дуелот меѓу хрватскиот вицепрвак Нексе и шпанскиот Гранољерс што ќе се игра во Нашице од 20:45 часот.
Победникот од овој натпревар ќе го запоседне врвот на табелата на половина од групната фаза во второто по ранг европско натпреварување.