Двете интернационалки од Македонија кои го носат дресот на ПАОК, Марија Николиќ и Александра Боризовска се израдуваа на првиот трофеј сезонава откако со својот клуб дојдоа до титула во Купот на Грција. Во финалето на натпреварувањето дојдоа до победа од 21:20 против Неа Јонија.
На овој натпревар Марија Николиќ ја заврши средбата со еден погодок, додека Боризовска имаше два гола.
Ова беше вкупно шестти пехар за тимот на ПАОК во Купот на Грција, а доколку биде задржана формата и во продолжение од сезоната може да се очекува двојна круна на крајот од шампионатот.