Македонскиот шампион Ѓорче Петров пред продолжението на Женската лига и на европските настапи одигра меѓународен пријателски натпревари.
Ѓорчепетровски гостуваа кај косовоскиот првак Истогу и извлекоа реми во последната секунда, 26-26, откако погоди Милица Николиќ.
На полувреме беше 14-10 за Истогу, следуваше камбек на избраничките на Симе Симовски, кои во финишот имаа и предност.
Сепак домаќинките влегоа со водство во последната минута, 26-25, а нашиот тим промаши пенал. Истогу не го реализираше нападот, па се отвори шанса за Ѓорче Петров, Николиќ се проби на шест метри и погоди за реми 26-26.
Женската лига продолжува во среда, а пред двомечот со австрискиот Румс Јагс на 10 и 11 декември, Ѓорче Петров ќе одигра уште три меча.