Никола Радовановиќ не е повеќе член на Скопје

Голманот Никола Радовановиќ, кој минатото лето дојде во суперлигашот Скопје, не е повеќе член на оваа екипа.

Двете страни беа задоволни од меѓусебната соработка, но се договорија секој да тргне по својот пат.

Српскиот чувар на мрежата дојде од Динамо Панчево, остави одличен впечаток во Скопје и беше клучен фактор за некои од победите на натпреварите.

Според информациите на 24Ракомет, Радовановиќ својата кариера ќе ја продолжи во татковината.

Скопје во новата сезона ќе влезе со нов стручен штаб, откако Горан Кузманоски се пресели во Бутел, а наскоро клубот ќе ги промовира и новите ракометари.