Голманот на македонската репрезентација, Никола Митревски, кој беше номиниран за најдобар голман за оваа сезона во Лигата на шампионите, останува член на Порто.
Раководството на клубот со голманот од Македонија ја продолжи соработката на уште две сезони.
Митревски остави одличен впечаток кај челниците од клубот, посебно по одличните партии во Лигата на шампионите. Тоа беше причина да му се даде доверба во следните две сезони, во кои Порто ќе атакува на подобар пласман на европска сцена.
Искусниот голман во својата кариера го носеше дресот и на Еурофарм Пелистер, Вардар, Металург, Бенфика, како и на романска Констанца.