Голманот на Еурофарм Работник и на македонската репрезентација, Никола Митревски, е најдобар голман по регуларниот дел во регионалната СЕХА лига.
Тој забележа вкупно 89 одбрани, една повеќе од голманот на белорускиот првак Мешков Брест, а две повеќе од голманот на Металопластика, Тодор Јандиќ.
Ќе се паметат неговите одбрани на дуелот против Веспрем во Битола, а скоро на секој меч имаше двоцифрен број интервенции.
Еурофарм Работник ќе игра во осминафиналето на СЕХА против хрватскиот Нексе, а доколку го елиминира во четвртфиналето ќе се сретне со Вардар.