Суперлигашот Голден Арт соопшти дека спогодбено ја прекина соработката со досегашниот шеф на стручниот штаб, Никола Матлиески.
Раководството на клубот преку социјалните мрежи му се заблагодари на Матлиески за досегашната соработка и за неговиот придонес во развојот на проектот во повратникот во македонската елита.
Клубот во текот на следните неколку дена ќе информира за новото решение за прв тренер на клубот, со кој ќе ја продолжи борбата за опстанок во најквалитетното ракометно натпреварување во Македонија.
Голден Арт во плеј-аут фазата за ривали ги има екипите на Скопје, Куманово, Јуниор КВ, Прилеп, Вардар Неготино, Радовиш и Струга.
Клубот на првиот дуел во борбата за опстанок беше поразен од Вардар Неготино, додека во вчерашниот натпревар против Јуниор КВ забележа убедлив триумф.