Македонскиот интернационалец Никола Костески е избран за ракометар на 2 колото во чешкиот шампионат.
Тој пружи одлична партија и постигна осум гола од осум обиди на натпреварот на гостински терен кај Нове Весели.
Неговиот тим Талент Плзен славеше кај Нове Весели со 30-27, а македонското десно крило беше најдобар стрелец.
Kостески минатата сезона беше меѓу најдобрите играчи во Чешка и го продолжи договорот со Талент Плзен и за оваа сезона.