Тимот кој пред неколку години се бореше за титула во првенството на Македонија, Металург ги живее најтешките денови, а денеска го претрпе третиот пораз во серија од стартот на сезоната откако загуби против Еурофарм Пелистер 2 со 28:29. Ваков старт Металург немал досега така што ќе биде навистина тешко ракометарите да се извлечат од тешката ситуација.
Иако во текот на сите 60 минути имаше надигрување и неизвсност при што и двете екипи се менуваа во водство на крајот, сепак, гостите се тие кои си заминаа со победа. Иако минимално тоа беше сосема доволно за да се освојат бодовите.
Од почетокот, Еурофарм Пелистер 2 беше во водство. Имаше гол предност која Металург се трудеше да ја анулира, но многу тешко успеваше да создаде шанса за да дојде до предност. Првпат поведе со 5:4, но остана неивесноста. До крајот на првиот дел имаше неколку менувања во водство, а Металург замина на пауза со предност од 17:16.
Оваа позитива остана неколку минути, а потоа тимот на Еурофарм Пелистер 2 успеа да создаде плус три, 23:20 и тука ја најави победата. На оваа негатива составот на Металург и имаше најдобрите минути бидејќи резултатот беше израмнет. Се влезе во нов неизвесен период, а потоа гостите дојдоа до плус два. Оваа позитива ја зачуваа до крајот од средбата. Металург го ублажи поразот, но 28:29 значеше дека битолчани се враќаат дома со три поени од овој дуел.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА