Селекцијата на Хрватска по одличните настапи во групната фаза од Европското првенство во Грац, се пресели во Виена, каде што ја чекаат дуелите од главната рунда.
Хрватите ќе бидат сместени во ист хотел со нашите репрезентативци, а се надеваме дека ќе останат заедно уште десетина дена.
Селекторот на „коцкестите“ Лино Червар, се виде со своите довчерашни пулени и им посака среќа на последниот натпревар против Австрија.