Тимот на Еурофарм Пелистер одигра одличен натпревар и без најдобриот стрелец Стипе Мандалиниќ го совлада данскиот ГОГ Гудме со 32-31.
Со ова му се одмаздија на ривалот, кој исто така победи со еден гол разлика во првиот меѓусебен двобој. Тренерот на гостите, Николај Крикау вели дека неговите момци оставеле премногу простор за бековите на битолчани.
„Не успеавме да ги запреме ударите од надоврешната линија на Мараш и на Кукуловски, му оставивме премногу простор на Периќ, кој играше одлично индивидуално и проигруваше со пикерот. Не посакувавме ваков меч и резултат каков што посакувавме, но противникот беше подобар. Состојбата во групата е отворена, и пет екипи имаат шанси за место во осминафиналето“, вели Крикау.
Данците следната недела ќе ги одиграат двата меча против словенечкиот Тримо Требње во Љубљана.