Европскиот првак Вардар го очекува тежок натпревар на гостувањето кај Порто во Португалија, кој ќе биде решавачки во битката за петтото место во групата Б од Лигата на шампионите.
Средниот бек Мигел Мартинс вели дека проблемите на Вардар не ги залажуваат дека ќе биде лесно.
„Во Скопје одигравме одлично во првото полувреме, но во вториот дел многу грешевме и на крајот загубивме. Сега ќе биде поинаку, играме на домашен терен, а за нас овој натпревар е како финале, бидејќи сакаме да завршиме петти во групата. За такво нешто неопходно ни е да славиме против Вардар. Не се залажуваме со нивните проблеми, знаеме колку е тешко да се победи актуелниот европски првак без оглед на фактот што неколку ракометари си заминаа“, вели Мартинс.
Натпреварот меѓу Порто и Вардар се игра утре со почеток во 16:00 часот во „Драгао Арена“ во Порто.