Поранешната голманка на Вардар која го брани голот на репрезентацијата на Франција, за домашните медиуми говореше за промените во својата кариера и плановите на националниот тим.
Лејно од наредната сезона ќе има нова улога во Ѓер, таа ќе биде тренер на голманите што смета дека ќе биде голема шанса за нејзин личен развој. Истоа така напомена дека неуспехот на репрезентацијата на Мундијалот не смее да се забрави и дека мора да се најде начин да ја врата самодовербата..
„Ќе имаме можност повторно да се собереме и две недели да работиме со селекторот Крумболц. Уште во првата недела ќе се обидеме да ги решиме сите прашања кои останаа отворени од Светското првенство. Не е толку едноставно да ја вратиме самодовербата по неуспехот на Мундијалот. Нашите ривали напредувааат и работата пред Олимпијадата. Не бевме добри на Светското првенство и не смееме да го заборавиме неуспехот, но треба да го искористиме ова лошо искуство за во иднидна. По еден или два добри натрпевари сигурно самодовербата ќе се врати многу брзо. Ова е голем предизвик – да се врати задоволството од ракометот што го немаше на Светското првенство“, изјави Лејно.
Франција и покрај слабиот резултат на Светското првенство во Јапонија има обезбедено пласман на Олимпијадата во Токио како актуелен европски првак.