Европскиот шампион Вардар во овие моменти го игра последниот натпревар од Лигата на шампионите за оваа година против унгарскиот Веспрем.
Во ростерот на гостите се најдоа и поранешните вардарци – Вуко Борозан и Рожерио Мораес, а дел од експедицијата е и кондицискиот тренер Марија Лојаница.
Раководството на „црвено-црните“ не го заборави нивниот придонес во освојувањето на европските титули, па на полувреме тие добија дресови со натпис „фала ти за се“.