Не само оваа, во сехалигаш ќе бидат намалени платите и цела следна сезона!

Словачкиот шампион и претставник во СЕХА лигата и Лигата на шампионите сезонава Татран Прешов успеа да постигне согласност со играчите за измена во договорите.

Заради кризата предизвикана од коронавирусот клубот со исклучок на еден играч постигна договор за соодветни усогласувања во условите на договорите кои ќе се однесуваат на оваа сезона и наредната.

Главна цел за преземање на овој чекор на луѓето од Татран Прешов е поуспешно справување со кризата и непречено работење на клубот во иднина.

Претседателот на клубот им се заблагодари на играчите кои му излегоа во пресрет на клубот во однос на тоа што ја сфатиле потрабата од овој чекор како за оваа така и за наредната сезона.